Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој по седми пат го освои Вимблдон најави дека му е во план да дојде во Македонија и да одигра меч со Калин Ивановски.
Ѓоковиќ на прес конференција, на прашање поставено од дописникот на Макфакс и Топспорт, најави дека сака да дојде во Македонија и да одигра еден тениски меч со Калин Ивановски.
Се надевам дека многу скоро ќе ја посетам Македонија, тоа ми е во план. Не знам дали ќе биде во наредните неколку недели, но дефинитивно ми е во план. Би ги поздравил моите драги браќа и сестри во Македонија. Имам неколку пријатели од Скопје кои постојано ми праќаат фотографии од Скопје и од Охрид и ми даваат поддршка. Пред две години зборував со Претседателот на Македонија да напрвиме Адриа тур и во Македонија, но за жал поради короната сè се заврши како што се заврши. Сепак, тоа не значи дека во иднина нема да ја посетам Македонија. Во Македонија сум бил како многу мал, а би сакал да дојдам таму и да одиграм еден тениски меч со новата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски. Го гледам како игра и можам да кажам дека е одличен, вели Ѓоковиќ во дел од интервјуто, а целото интервју може да го прочитате ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.