Многумина прашуваат зошто натпреварите на Вимблдон се прекинуваат во 23 часот по локално време?Причината всушност не е поврзана со тенисот, туку со локалните политичари.

Во 2009 година локалните власти воведоа еден вид полициски час, односно донесоа одлука натпреварите на Вимблдон да завршат до 23 часот по локално време, односно до полноќ по наше време.

За разлика од другите три Грен слемови, каде што нема ограничувања, а натпреварите може да се играат долго по полноќ, локалната самоуправа на Лондон ја донесе одлуката кога беше изграден покривот. Таа година беше изграден покрив на Централниот терен и за прв пат можеше да се играат натпревари ноќе под светла.

Всушност, кога Вимблдон побара дозвола за изградба на покрив и модернизација на теренот, мораше да се обврзе дека натпреварите ќе завршат до 23 часот, за да не се вознемирува локалното население.

Причина за прекин на натпреварите е хаосот кој може да настане во вечерните часови со превоз и гужва во населен дел на Лондон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.