Србинот Новак Ѓоковиќ и Американецот Себастијан Корда ќе играат во финалето на АТП турнирот во Аделаида, Австралија.

Ова е епилогот по денешните две полуфиналиња во кои Јапонецот Нишикора го предаде мечот на Корда при водство на Американецот со 1:0 во сетови, додека Ѓоковиќ го победи Русинот Данил Медведев со 6:3 и 6:4. По мечот Ноле испрати божиќна порака до сите православни верници „мир божји“.

Финалето е закажано за утре во 8:30 часот.

Наградниот фонд на турнирот во Аделаида изнесува 643 илјади долари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.