Македонската таеквондистка, Милјана Рељиќ, загуби во четврт-финалната борба на Олимписките игри во Париз од Либанката Летисија Ајун со 2-0 во рунди.
Рељиќ имаше две неизвесни рудни. Првата ја загуби со 9:8, додека во втората беше 6:6, но бидејќи Либанката имаше удар во главата ја доби оваа борба.
Шансите за медал се уште не се загубени, бидејќи доколку Ајун победи во полуфиналето, нашата Рељиќ ќе има шанса преку репасажот да се бори за бронзениот медал.
Нашата натпреваурвачка приреди огромна сензација во првото коло на турнирот елиминирајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џоунс од Велика Британија. Таа во категоријата до 57 килограми ја совлада третата фаворитка со 2-1 во рунди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.