Рускиот тенисер и поранешен прв светски рекет Данил Медведев синоќа го победи Јаник Синер во финалето на турнирот во Мајами со 2:0, по сетови 7:5 и 6:3. За Русинот ова беше шеста победа над Италијанецот во исто толку натпревари.
Медведев ја освои 19-та титула во кариерата и четвртата – оваа сезона. Тој освои Мастерс по петти пат.
Воедно, Русинот победи на 24 од последните 25 натпревари.
Според резултатите на турнирот во Мајами, Медведев од денес е четвртиот рекет на светот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.