Нашиот најдобар теквондист Дејан Георгиевски се закити со титулата европски шампион на Европското клупско првенство во Талин.
Заради добриот ранкинг нашиот натпреварувач во првото коло беше слободен, потоа со две убедливи победи го освои првото место во категорија 87+ килограми.
Најрвин запиша победа против Египќанецот Шериф Каири Амр славејќи со 21:17 во првата и 7:5 во втората рунда, а потоа триумфираше и против Милош Пилиповиќ од Норвешка со 6:1 во првата и 12:5 во втората рунда.
Ова е трет медал за теквондо клубот „Бутел“ од Европско клупско првенство, две злата и едно сребро. Останатите борци од ТК Бутел беа солидни, но денеска за нив не беше денот.
Во женска конкуренција, пак, златен медал освои Мила Рељиќ од скопскиот теквондо клуб „Тигри“. Рељиќ константно бележи добри резултати на турнирите, а еве сега сиот досегашен вложен труд се исплати и со освојување на европска титула.
Нашата теквондистка на Европското клупско првенство беше првопласирана во категоријата сениорки -62 килограми, а до златото стигна после четири борби.
Најпрвин ги победи натпреварувачките од Италија, Украина, па претставничката од Египет, која е членка на европски клуб и во финалната борба Мел Мина од Еквадор, која тренира во Тортоса, Шпанија, поради повреда ја предаде борбата. И пред две недели беше совладана Мел Мина во финалето во Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.