Германскиот автомобилски гигант Ауди ќе дебитира во Формула 1 во 2026 година како производител на мотори, најави денеска извршниот директор на компанијата Маркус Дусман на прес – конференција во Спа – Франкошамп пред претстојната трка за Големата награда на Белгија.

Ауди ќе развие сопствен хибриден мотор во фабриката во Баварија и потоа ќе склучи партнерство со некоја од Ф1 екипите.

Ова партнерство, кое мора да биде објавено до крајот на годината, најверојатно ќе биде склучено со тимот на Заубер, кој сега се натпреварува под името Алфа Ромео.

Објавата на Ауди доаѓа помалку од две недели откако Светскиот совет за мотоспорт на ФИА одобри нови прописи во врска со моторите на болидите во Ф1 почнувајќи од 2026 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.