Македонската кик-боксерка Марија Димовска освои златен медал на Светското јуниорско првенство за кадети и јуниори во Будимпешта!
Младата кик-боксерка во финалето во Унгарија беше подобра од Мија Лијамичев од Израел и ја победи со резултат 2-1. Нашата репрезентативка направи уште еден подвиг и успех, откако во февруари беше сребрена на Европското првенство за јуниори и кадети.
На истиот турнир но во машка конкуренција за злато се бореше Лука Змејкоски, но загуби во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.