Македонската репрезентација го освои третото место на Светското првенство во параглајдерство, што се одржа во Франција. На северниот дел на Алпите во изминатите две недели четворица репрезентативци летаа учествуваа во првенството што се одржа во француското градче Шаму-сир-Желон во северниот дел на Алпите. 57 држави учествуваа на 18. Светско првенство.
За Македонија настапија: Дарко Станковски, Мартин Јованоски, Александар Гацевски и Ѓорѓи Ристовски, кои по деветте одржани трки освоија 14.879 поени. Медалот го освоија откако и избегаа на Чешка на последниот ден од натпреварувањето.
Златниот медал го освои Франција со 16.100 поени, а на второто место беше Велика Британија со 15.517.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.