Македонската женска одбојкарска репрезентација во Швехат загуби од Австрија со убедливи 3:0 (25:15, 25:17 и 25:7) во последниот свој настап сезонава во Европската Сребрена лига.
Македонките со максимални шест порази се последни во групата во која не успеаја да освојат ниту еден сет, но покажаа дека имаат потенцијал за подобри резултати на идните турнири.
Од А групата, покрај Австријките, пласман во плејофот изборија и Естонките. Двете селекции имаат по 15 бода, односно пет победи и еден пораз. Третото место го освои Летонија со шест бода, односно две победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.