Македонската сениорска репрезентација во футсал ќе игра против актуелниот европски првак Португалија, Холандија и Андора во квалификациите за пласман на ЕУРО2026, одлучи УЕФА денеска со жрепка

Вкупно 40 репрезентации се поделени во десет квалификациски групи, а жрепката ги смести македонските футсалци со бранителот на титулата во групата 7.

Квалификациите ќе се играат од декември 2024 до април 2025 година.

Летонија и Литванија како организатори на ЕУРО2026 обезбедија директен пласман, а ќе им се приклучат десетте победници на групите, додека осумте најдобро второпласирани репрезентации ќе играат плеј-оф во септември идната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.