Нашиот атлетичар настапи на регионалниот митинг во Будимпешта, Унгарија, во дисциплината 400 метри.

Во конкуренција на 50 натпреварувачи Стојоски го освои првото место со време од 47,69 секунди што е негов најдобар резултат во сезоната.

Целата трка и освоеното прво место во унгарскиот главен град можете да ја погледнете на видео записот.

На крајот од декември минатата година стартуваше зимската сезона, како што изјави Стојоски за веб порталот на „Слободен печат“, фокусот ќе му биде Европското првенство во сала за сениори во Истанбул кое ќе се одржи од 2 до 5 март 2023 година, а воедно ќе атакува на државен рекорд кој тој го држи во сала на 400 метри (47,18 секунди).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.