Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ja совлада поранешната двократна олимписка шампионка, Џејд Џонс од Велика Британија, со што се пласира во четврт-финалето на Олимписките игри во Париз.
Рељиќ, покажа одлична техника и смиреност во рингот и во текот на целата борба против фаворизирата Британка имаше целосна контрола на случувањата во рингот. Тоа и овозможи да ја добие првата рунда со 7:6 во поени. Во втората Џонс настапи поагресивно, па со 5:4 успеа да го изедначи резултатот и да ја одведе борбата во решавачката трета рунда.
Во тензична атмосфера, оваа рунда заврши со по еден освоен поен на двете таеквондистки, но Мила, поради поголемиот квалитет на прецизни удари во текот на борбата заслужено го доби триумфот.
Во четврт-финалето, Рељиќ ќе се бори против Либанката Летиција Аун.
Хајлајтс од првата борба на Рељиќ. pic.twitter.com/V7k4ItQe4N
— Руи (@riste_g) August 8, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.