Македонската репрезентација за компјутерската игра „Кантер страјк“ втора година по ред го освои првото место на европското првенство во е-спортот, соопштија од Македонската е-спорт федерација.

Македонија ја победи Украина во финалето на првенството кое се одржува во Романија.

Победничкиот тим го сочинуваа: Павле “stYleEez” Стојановски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Александар “CacaNito” Ќулукоски, Даниел “dan1” Глигоров и Јане “aidKiT” Апостолоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.