Македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов голем успех оваа сезона, откако в недела ќе игра ново финале на еден ИТФ фјучрс.
Тетовчанката во денешното полуфинале по голема борба ја совлада тенисерката од Хрватска, Петра Марчинко. Таа го контролираше првиот сет, ама имаше и лоша завршница на истиот, па Петра со 7-5 дојде до водство од 1-0 во сетови.
Ова донесе нова енергија кај Лина која доминираше во продолжението и со 6-2 и 6-2 дојде до триумф кој ја носи во борба за титулата против Оксана Селехметева од Русија.
Селехметева се прошета во денешното соочуваше со Леа Бошковиќ кое и припадна со 6-0 и 6-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.