Легендарната тенисерка Мартина Навратилова денеска откри дека боледува од два вида на рак, пренесува „Гардијан“. Навратилова боледува од рак на дојка и na грло, а болеста била дијагностицирана во ноември минатата година.
Британските медиуми потсетуваат дека тенисерката го победи ракот на дојката во 2010 година.
Навратилова тврди дека во ноември минатата година отишла на лекарски преглед за време на финалето на ВТА во Форт Ворт, кога ѝ било кажано дека има два вида на рак.
Ова е двоен удар, а ситуацијата е навистина сериозна. Ситуацијата секогаш може да се подобри и се надевам на позитивен исход. Ќе ми биде тешко некое време, но што и да правам, ќе се борам сѐ додека имам сила – рече Навратилова.
Претставниците на познатата тенисерка најавија дека Навратилова ќе започне со лекување во јануари и дека прогнозите се добри. Навратилова (66) во кариерата освои 18 Грен слем трофеи во поединечна конкуренција, а 41 титула во конкуренција на двојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.