Возачот на Мекларен, Ландо Нарис, го освои првото место во квалификациите за Големата награда на Холандија во Формула 1.

Дваесет и четиригодишниот Британец по трет пат оваа сезона ќе стартува од пол-позицијата. Својот најдобар круг Норис го извозе за 1 минута 9,673 секунди.

Втор во квалификациите беше актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул (+0,356 секунди), додека другиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри (+0,499) е на третата позиција.

Џорџ Расел (Мерцедес) ќе стартува од четвртото место. Серхио Перез (Ред Бул) е на петтата позиција, Шарл Леклер (Ферари) е шести.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Холандија ќе се вози утре со почеток во 15 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.