Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да го прескокне УС Опен 2024.
– Решив да не учествувам на УС Опен оваа година, иако имам неверојатни спомени од овој Грен слем. Ќе ги пропуштам овие жестоки и специјални вечерни натпревари на терените на „Артур Еш“. Мислам дека нема да можам да го покажам најдоброто од себе, информира Надал преку социјалните мрежи.
Триесет и осумгодишниот Шпанец истакна дека неговиот следен турнир ќе биде Лејвер купот во Берлин.
УС Опен ќе се игра од 26 август до 8 септември во Њујорк. Надал четири пати го освои трофејот – во 2010, 2013, 2017 и 2019 година. Вкупно има 22 победи на Грен слем турнирите.
На Олимпијадата во Париз, Надал и Карлос Алкараз стигнаа до четвртфиналето на турнирот во двојки, каде шпанското дуо загуби од Американците Остин Крајичек и Ражив Рам (2:6, 4:6).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.