Министерството за надворешни работи на Косово му се обрати на модниот бренд „Лакост“, кој го спонзорира српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со прашање дали знаат дека тој спортист „ги слави терористите“, односно Србите кои загинаа во северно Косово, откако убија припадник на косовската полиција, јави дописникот на МИА од Приштина.
На својата официјална страница на платформата „X“ (поранешен Твитер), косовското МНР, покрај фотографија на загинатиот косовски полицаец, Африм Буњаку, го прашува „Лакост“ дали е сигурен дека сака нивниот „милијарда долари вреден бренд да биде поврзан со глорификација на тероризмот“.
– Африм Буњаку беше сопруг, татко, посветен слуга на својата земја и на сите нејзини граѓани. Тој беше убиен во грозоморен терористички напад кој го осудија и Соединетите Американски Држави и Европската унија. Лицето што го спонзорирате, Ѓоковиќ, ги слави тие терористи пред своите 13,9 милиони следбеници, напиша косовското МНР.
Српскиот тенисер на својата страница на Инстрагам сподели порака со која им оддаде почести на тројцата загинати од групата од неколку десетици Срби кои го извршија нападот во Бањска кај Звечане, во северно Косово, на 24 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.