Косовскиот премиер Албин Курти објави денеска дека Косово официјално поднесе кандидатура за организација на Медитеранските спортски игри под слоганот „Приштина 2030“.
Курти, по состанокот со претседателот на Олимпискиот комитет на Косово, Исмет Красниќи, рече дека организацијата на Медитеранските игри 2030 ќе биде „историски момент во развојот на локалниот спорт“, но и повеќе од тоа, бидејќи единствените Медитерански игри во минатото на Балканот беа организирани од поранешна Југославија, во 1979 година во Сплит.
Медитеранските игри 2030 ќе бидат 21. издание на оваа спортска манифестација на која настапуваат 26 држави од три континенти кои го опкружуваат Средоземното море.
Зборувајќи на конференција за новинари во Приштина, косовскиот премиер истакна дека, иако Косово нема излез на море, сите спортови на вода би се одржувале на албанското крајбрежје за што е постигнат договор со официјална Тирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.