Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вчеравечер ја забележа првата победа на Завршниот АТП турнир во Торино. Победата над Русинот Андреј Рубљев значеше и задржување на шансите за пласман во полуфиналето.
Алкараз се надева на добра игра во третото коло против Александар Зверев.
– Кога играте против врвни играчи, знаете дека треба да го играте вашиот најдобар тенис, во спротивно ќе изгубите. Ова многу помага. Пред натпреварите со нив, треба да одлучите каква игра избирате, какви удари ќе користите. Тоа е тоа. Во тенисот, менталната игра е многу важна – начинот на кој зборувате со себе пред натпреварите. Кога имам натпревар против врвен играч, си велам дека сум подобар, ќе го играм мојот најдобар тенис и ќе дадам се за да го победам, истакна Алкараз.
По две кола во Б-групата, води Зверев со две победи, Каспер Руд и Алкараз имаат по една победа и еден пораз, Рубљев е последен со два загубени меча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.