Австралиецот Ник Кирјос се повлече од Австралија опен поради повреда на левото колено.

Во првото коло на Грен слемот во Мелбурн, Кирјос требаше да се сретне со Русинот Роман Сафиулин. Веројатно, сега ќе биде заменет со среќен губитник.

Дваесет и седумгодишниот тенисер е актуелен победник на турнирот во двојки.

Во сингл најдобар резултат му е пласманот во четвртфиналето во 2015 година. Австралија опен 2023 се одржува на терените на Мелбурн Парк. Турнирот ќе заврши на 29 јануари.

Неизвесна е и ситуацијата со Новак Ѓоковиќ кој го пропушти тренингот пред првото коло.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.