Љубомир Радосављевиќ, кој го променил презимето во Романов, беше уапсен вчера на територијата на Белград под сомнение дека организирал серија грабежи на луксузни вили во Лондон во 2019 година, меѓу кои и вилата на Тамара Еклстоун, ќерката на сопственикот на Формула 1.

Британските медиуми објавија и видео на кое може да се види како провалниците полека влегуваат во куќата и земаат се што ќе им дојде при рака!

Упадот во вилата на Тамара во еден од најскапите квартови на Лонодн се случил кога таа со сопругот и ќерката отишла на божиќно патување во Лапонија. Од нејзиниот дом биле земени дијаманти, накит и предмети во вредност од 26 милиони фунти.

-Крадците со денови го одработуваа планот. Тие ги следеа и социјалните мрежи на Еклстон. На Инстаграм виделе дека патувала со семејството и дека куќата останала празна-стои во истрагата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.