Кениската атлетичарка Беатрис Чебет постави нов светски рекорд на 10.000 метри митингот од Дијамантската лига во американскиот град Јуџин.

Чебет победи со време од 28:54,14 минути.

Таа го собори рекордот од 29:01.03 минути поставен од Летесенбет Гиди на 8 јуни 2021 година во Холандија.

Второто место на синоќешниот митинг Префонтејн во Јуџин го зазеде Гудаф Цегаи од Етиопија со време од 29:05,92 минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.