Министерот за спорт Борко Ристовски му го честита успехот на македонскиот каратист Стефан Стојановиќ, освојувач на бронзен медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и младинци У21 што се одржа во Венеција, Италија.
На приемот, министерот Ристовски истакна дека успехот на Стојановиќ е промоција за македонското карате и доказ за квалитетот на македонските млади спортисти.
Овој резултат значи голем промоција за македонското карате и за македонскиот спорт. Медалот од СП е доказ за големата посветеност и за талентот на нашите млади спортисти и дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршка и развој на спортот во Македонија. Честки за Стефан, за неговите тренери и за целата македонска репрезентација која достојно не претставуваше на ова Светско првенство за млади категории, истакна министерот Ристовски.
Стефан Стојановиќ е единствениот каратист од македонската карате репрезентација кој освои медал на СП за кадети, јуниори и младинци во Италија. На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските крате шампионати. Пред две години, на СП во Коња, Турција, тој освои сребро. Стојановиќ е единствен каратист од Македонија со две одличја од два мунијала во У-21 и прв на Светската ранг-листа на ВКФ во својата категорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.