Македонскиот каратист Емил Павлов со една победа и два порази го заврши настапот на Европските игри 2023 во Краков.

Павлов во воведниот натпревар загуби од полскиот претставник Милош Сабиецки (4-8), по што го совлада Турчинот Бурак Ујгур (6-0), но во решавачката борба испушти предност во самата завршница и претрпе пораз (4-6) од Стефан Команеску од Романија

За Павлов ова беше трети настап на Европските игри на кои во 2015 година во Баку го освои бронзениот медал.

На Игрите 2023 настапуваат 17 македонски спортисти во седум дисциплини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.