Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во четврт-финалето на турнирот во Поитие, Франција, откако со 2:1 во сетови успеа да го победи домашниот тенисер Александре Реко.
Првиот сет Ивановски не го одигра според замислите и го загуби со 3:6 во гемови, но потоа сепак пронајде посакуван ритам.
Вториот сет го доби со убедливи 6:1 во гемови, а во решавачкиот трет сет беше исто така подобар и го комплетираше со 6:4 во гемови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.