Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со победа ги стартуваше квалификациите на Челинџер турнирот од серијата 75 што се игра во јапонскиот град Јокохама.

Ивановски во првото квалификациско коло го совлада домашниот тенисер, 24-годишиот Шинџи Хазава (583 АТП ранг) со 2:1 во сетови (3-6, 7-5, 6-4) за два часа и 12 минути игра.

Во следното коло противник на Ивановски ќе му биде Јан Баи од Кина, кому му го предаде мечот на претходниот Челинџерот во Кобе. Баи на стартот на квалификациите го совлада Германецот Каи Венелт со 2:0 во сетови (6-4, 6-4).

Победникот од дуелот меѓу Ивановски и Баи ќе се пласира во главната фаза на Челинџерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.