Јапонската безбол ѕвезда Шохеј Отани потпиша договор со МЛБ лигашот Лос Анџелес доџерс и стана најплатен спортист во светски рамки.

Иако детали од договорот не се познати, американските медиуми наведуваат дека станува збор за сума од 700 милиони долари за десетгодишна верност со Лос Анџелес доџерс, што е рекорден износ во историјата на безболот и спортот воопшто.

„Одлучив да го изберам Доџерс за свој следен тим“, напиша на Инстаграм, Отани, кој првите шест сезони од својата кариерата во американската професионална безбол Лига МЛБ ги мина во редовите на Лос Анџелес енџелс.

Отани минатиот месец беше прогласен за најкорисен играч во МБЛ лигата и покрај повредите кои му ја прекинаа сезоната во 2023. Отани, воедно, е првиот играч во историјата кој два пати едногласно ја освоил титулата, откако беше избран за МВП и во 2021 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.