Јапонскиот ски-скокач Рјоју Кобајаши е победник на турнејата „Четири скокалници“. На последниот натпревар од турнејата, Јапонецот го освои петтото место што му беше доволно да биде вкупен победник.

Победник во Бишофсхофен беше Даниел Хубер од Австрија со скокови од 136,5 и 137 метри, односно 286,8 бодови. Ова е прва победа за Хубер во Светскиот куп.

Второто место му припадна на Хелвор Егнер Гранеруд од Норвешка со скокови 136,5 и 136 метри и 282,4 бода.

Трет беше Карл Гајгер од Германија со 140,5 и 132 метра и 281,9 бода.

Генерален пласман на турнејата:

1. Место Рјоју Кобајаши – 884,5 бодови

2. Место Мариус Линдвик – 866,6

3. Место Хелвор Егнер Гранеруд – 845,8

4. Место Маркус Ајзенбихлер – 842,4

5. Место Карл Гајгер – 841,7



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.