Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер ја запроси руската тенисерка Ана Калинскаја, пренесува „Кориере дело спорт“.
Според „Кориере“, 25-годишната спортистка добила предлог за брак на забава во Њујорк, на што таа се согласила.
Врската меѓу Синер и Калинскаја стана позната во мај оваа година. Тенисерите присуствуваа на натпревари кога играше едниот партнер неколку пати во текот на сезоната.
Дваесет и тригодишниот Италијанец е победник на два Грен слем турнири (Австралија Опен 2024 и УС Опен 2024). Вкупно има 17 АТП титули (од нив 16 во сингл).
Калинскаја освои три ВТА турнири во двојки во текот на нејзината кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.