Игор Стефановски со големи амбиции се упати кон Словенија на трката во Илирска Бистрица, но после доброто издание на првата сесија, Македонецот самиот објави дека е неизвесен за втората трка.
Популарниот Иџе се избори за уште еден подиум на Европскиот шампионат на ридски патеки, меѓутоа освоеното трето место сепак не му носи доволно голема сатисфакција. Причина за тоа е кражбата која ја претрпел неговиот тим во Словенија, поради што неговите механичари сега се оневозможени да ги променат гумите за влажна патека.
– Прва трка, 3 то освоено место , но за жал поради кражбата која ни ја направија утрово на алатот за промена на гумите и дождот кој почна да врне на стаза, можеби нема да бидеме во можност да возиме на втората трка. Не можеме да промениме гуми за дожд на автомобилот, порача Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.