Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал (38) одлучи да не игра на претстојниот Вимблдон за да се подготви што подобро за Олимписките игри во лето.
Давид Ферер, селекторот на шпанската Дејвис куп репрезентација, изјави дека Надал ќе игра заедно со Карлос Алкараз во конкуренција на двојки на Олимписките игри во Париз (27 јули – 4 август), па целиот фокус на „матадорот од Мајорка“ е на тоа.
Бидејќи ова е веројатно последна сезона во неговата кариера, Надал реши да не ризикува со Вимблдон (1-14 јули) и со „опасната“ тревна подлога за дополнително да не ја влоши состојбата на колкот, туку ќе го искористи преостанатиот месец и половина за одмор и можеби некои помали турнири за да се подготви за Париз.
Да потсетиме, Надал има два олимписки златни медали, едниот го освои во поединечна конкуренција во Пекинг 2008 година, а другиот во двојки со Марко Лопез од Рио во 2016 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.