Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон на крајот на годината ќе го напушти Мерцедес и ќе премине во Ферари. Сепак, Британецот уверува дека е цврсто решен да постигне успех во 2024 година.

– Помотивиран сум и фокусиран од кога било. Сигурно не би помислил дека во оваа фаза од мојот живот ќе го почувствувам гладот ​​што го чувствувам сега. Завршувањето на високо ниво би било остварување на сонот. Поминавме толку многу заедно. Ако можам да му помогнам на тимот да се врати на врвот, тоа ќе биде најголемиот момент, изјави Хамилтон по вчерашната промоција на новиот болид на Мерцедес.

По завршување на сезоната 2024, Хамилтон ќе се пресели во Ферари.

Првата трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе се одржи на 2 март во Бахреин. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.