Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со победа го почна настапот на фјучерс турнирот во Виена што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Алина Михалич со 2-0 во сетови (6-2, 6-2), која на турнирот настапуваше со вајлд карта.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Арабела Колер од Австрија и Леире Ромеро Гормаз од Шпанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.