Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во третото коло на ИТФ фјучрсот W50 Oточец во Словенија. Таа попладнево во рамките на првото коло ја совлада Михаела Бајерлова од Чешка (25 години, 485.место ВТА) со 2-0 во сетови. Ѓорческа во текот на мечот имаше реализација 5/8 на брејк топки, a одлично се одбрани во истата ситуација на спротивната страна, ако се знае дека противничката имаше само еден брејк и покрај 14-те обиди да го освои сервисот на Македонката.

Нашата тенисерка убедливо со 6:0 во гемови го доби првиот сет и ја потврди фавористската улога (5. носителка). Во вториот сет Ѓорческа беше во сигурно и имаше предност од 5:2 во гемови, но ривалката уеспа да стигне до изедначување 5:5. Во следните два гема Ѓорческа повторно беше „на висина на задачата“ и ги доби следните два гема за 7.5 во вториот сет и пласман во следната рунда.

Во наредното коло Ѓорческа ќе игра против тенисерката од Полска, 11.та носителка Маја Чвалинска (22 години, 244.место ВТА листа)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.