Рускиот тенисер Данил Медведев ноќеска загуби од Ник Кирјос во четвртото коло на УС Опен – 6:7, 6:3, 3:6, 2:6.

Медведев за прв пат по 2018 година загуби на УС Опен пред полуфиналмата фаза. Пред четири години тој беше елиминиран во третото коло.

По поразот од Кирјос, Русинот не ги одбрани бодовите добиени по минатогодишната титула и сигурно ќе ја загуби првата позиција на АТП ранг-листата по завршувањето на Грен слемот во Њујорк.

На првото место ќе остане 16 недели. Тој е 27-от тенисер кој бил на врвот на АТП ранкингот.

На 12 септември број 1 ќе стане, Рафаел Надал, Карлос Алкараз или Каспер Руд



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.