Американскиот скијач Кајл Смејн загина за време на лавина во Јапонија, каде што се наоѓаше, соопшти неговото семејство.
Тој отпатува на Далечниот исток поради добриот квалитет на снегот и за промоција на туризмот. Смејн трагично го загуби животот на патека во близина на ски-центарот Хакуба Норикура.

Заробен во лавината бил и неговиот колега и сонародник Адам Ју, но тој успеал да се спаси и раскажа што точно се случило.

Видовме дека лавината се движи, го слушнавме звукот, видовме дека лавината е голема, почнавме да бегаме кога стигна до нас – рече Адам.

Во 2015 година Кајл Смајн го освои златото во слободен стил на светскиот шампионатот во сноуборд што се одржа во Кризберг, Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.