Со 15 медали од Европскиот шампионат во Римини, Италија дома се враќа македонската репрезентација во традиционално карате. Овој голем успех за македонскиот спорт носи нови пет златни, седум сребрени и три бронзени медали.
Во сениорска конкуренција прво место во кати и второ место во фукуго освои Аљоша Недев, додека Јадранка Недева освои прво место во фукуго и трето место во кати.
Во младинска конкуренција Мила Саздова и Димитри Влахо освоија први место во енбу, Мила Саздова освои второ место во кати и второ место во фукуго, ката-тимот во состав Мила Саздова, Мила Младеновска и Марта Димковска освоија второ место.
Во категоријата деца 8-9 години Филип Недев освои прво место во кати и второ место во кихон, Камелија Недев во категорија деца 10-11 години освои второ место во кати и второ место во кихон. Марта Димковска во категорија деца 12-13 години освои трето место во кихон.
Кај деца 6-7 години во кати прво место освои Максим Поп Трпев, второ место Масимо Меле и трето место Марко Илиевски. Софија Јарчевска и Матеј Мангаровски освоија четврти места во џиу ипон кумите и кихон.
Европското првество се одржа од 21. до 23. октомври со учество на над 500 натпреварувачи од 22 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.