Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Австриецот Доминик Тим со резултат 7:5, 6:1 во првото коло на турнирот во Бризбејн.
Мечот траеше 1 час и 30 минути. Триесет и седумгодишниот Шпанец имаше три аса и една двојна грешка, како и три реализирани брејк топки од шест шанси.
Надал го одигра својот прв сингл меч откако се врати на турнејата по санирање на повредата. Својот последен натпревар Шпанецот го одигра на 18 јануари 2023 година на Австралија опен.
Во второто коло Надал ќе се сретне со победникот од мечот Аслан Карацев (Русија) – Џејсон Кублер (Австралија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.