Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртото коло на Мастерсот во Рим (Италија).

Србинот попладнево во 1/16 финалето коло загуби од Чилеанецот Алехандро Табило во два сета – 2:6, 3:6.

Два дена претходно, во петокот на 10 мај, еден од навивачите со шише случајно го погоди Ѓоковиќ во главата додека тенисерот им даваше автограми на навивачите по победата над Французинот Корентин Муте.

Во четвртото коло на турнирот во Рим, Алехандро Табило ќе игра против Русинот Карен Хачанов.

Наградниот фонд на Мастерсот во Рим изнесува 7,8 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.