Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчеравечер го победи Стен Вавринка во третото коло на Вимблдон.
Ѓоковиќ победи со 6:3, 6:1, 7:6(5) пред да падне мрак и мечот да биде прекинат.
Ми се допаднаа првите два сета. Потоа стана малку драматично. Изгледа малку ми падна нивото. Како што се наближуваше квечерината почувствував како да се приближува полицискиот час. И двајцата знаевме дека можеме да одиграме максимум три сета кога влеговме на теренот. Значи, ако некој сакаше да заврши денес, тогаш требаше да освои три сета по ред. Многу ми е мило што тоа бев јас. Стен многупати бил во вакви ситуации. Ме победи двапати во финале на Грен слем. Значи има големо искуство во тие услови. Знаев дека нема да се откаже. По вториот сет се пресоблече и излезе како поинаков играч. Одевме од пет до пети, па фер е што се беше решено во тај-брејк.
Во осминафиналето на Грен слемот во Лондон, Ѓоковиќ кој е втор носител, ќе се соочи со Хубер Хуркач од Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.