Новак Ѓоковиќ дефинитивно поседува неверојатен талент за јазици. Одамна е познато дека Србинот е полиглот и течно зборува пет или шест светски јазици, но овој пат ги шокираше сите со неговата изјава на чист кинески јазик!

Српската репрезентација оствари победа во првото коло од Јунајтед Купот во Перт, Австралија, а по мечот Ѓоковиќ пријатно ги изненади сите на прес-конференцијата и се обрати на кинески јазик. Неговите колеги, Олга Даниловиќ и Виктор Троицки не останаа рамнодушни и не можеа да поверуваат дека популарниот Ноле зборува на течен кинески, а истата реакција ја имаа и останатите присутни во прес-центарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.