Светскиот рекет број еден ова утро испорача „бомба“ и соопшти дека ја прекинал соработката со Горан Иванишевиќ, човекот со кој оствари голем број успеси во изминатите пет години.
Легендарниот Хрват му се приклучи на Ноле во 2019-та година и оттогаш освоија девет грен слем титули, но заедно пребродија и многу тешки моменти како дисквалификацијата на Ју-Ес Опен и депортацијата од Австралија.
– Добро се сеќавам на моментот кога го викнав Горан да биде дел од мојот тим. Тоа беше уште во 2018-та година, јас и Марјан Вајда баравме иновации и некоја магија за сервисот. Не само што донесовме подобар сервис, донесовме и многу смеа, забава, број еден на крај од годината, урнати рекорди, грен слем титули и неколку финалиња.
– Дали ја споменав и драмата која ја имавме? Јас и Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Хемијата на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство секогаш беше цврсто како карпа. Всушност, горд сум (не знам дали е и тој) што покрај освоените турнири, имавме и битки во „не лути се човече“. Тој турнир за нас никогаш нема да заврши, – порача Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.