– Директорот на големиот АТП турнир од серијата „мастерс 1000“ во Мајами, кој почнува в среда, Џејмс Блејк, потврди дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи.
Ѓоковиќ нема дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот. Српскиот тенисер во февруари поднесе барање до американските власти за посебна дозвола за да може да настапи на турнирите во Индијан Велс, кој е во тек, и во Мајами, на кои нема настапувано од 2019 година.
Јасно е дека нашиот турнир е еден од најдобрите во светот и затоа би сакале да ги имаме сите најдобри играчи. Направивме сè што можевме, се обидовме и преговаравме со владата, но без успех, рече Блејк.
Ѓоковиќ има пет титули во кариерата на турнирот во Мајами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.