Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Норвежанецот Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос – 7:6 (7:1), 6:3, 7:5. Средбата траеше 3 часа и 16 минути.

Ова е 23. Грен слем титула за Ѓоковиќ. Тој е единствен тенисер во историјата со 23 трофеи од Грен слем турнирите.

Србинот го надмина Рафаел Надал и се израмни со Серена Вилијамс.

Ѓоковиќ има 10 титули на Австралија опен, седум на Вимблдон, по три на Ролан Гарос и УС Опен.

Вкупно, Ѓоковиќ го освои својот 94-ти трофеј во кариерата, изедначувајќи се со Иван Лендл. Повеќе имаат само Роџер Федерер (103) и Џими Конорс (109).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.