Новак Ѓоковиќ попладнево игра против Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос, а освен што ќе игра за титулата српскиот тенисер има прилика да сруши многу рекорди.

Најважниот секако е што Ѓоковиќ би се искачил на вечната листа на победниците на грен-слем турнирите со 23 пехари, во овој момент е изедначен со Надал со по 22. Кога се гледа и женската конкуренција Ѓоковиќ би ја стигнал Серена Вилијамс и пред него би била само Маргарет Кор со 24, но од времето кога тенисот не се сметал за професионален спорт.

Ѓоковиќ исто така ќе стане првиот во светот со најмалку седум финалиња на четирите гренслем турнири, а со вкупниот број настапи во битките за пехар би се изедначил со Крис Еверт (34).

Со победа Ѓоковиќ би се вратил на првата позиција на АТП лисатата и ќе има добра прилика таму да остане до крајот на годината бидејќи следат Вимблдон, Синсинати и Ју-Ес Опен на кој може да освои максимални 5.000 бодови, така би бил недостижен за ривалите.

Ако се случи Ѓоковиќ да дојде и остане на врвот до крајот на годината тогаш би ја надминал границата од 400 недели на лидерската позиција и тоа ќе биде рекорд кој уште долго ќе остане предизвик за наследниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.