Најновата АТП ранг-листа не донесе промени во пласманот на најдобрите петмина тенисери кои ги предводи Јаник Синер.

Италијанецот е водечки со 11.180 бодови, дури 4.105 повеќе од второрангираниот Александр Зверев од Германија.

На третото место остана Шпанецот Карлос Алкараз (6.690 бодови), пред Србинот Новак Ѓоковиќ (5.560) и Русинот Данил Медведев (5.475).

Промени во Топ 5 не донесе ниту најновата ВТА ранг-листа, која ја предводи полската тенисерка Ига Швјонтек (10.885), пред Арина Сабааленка од Белорусија (8.716), Џесика Пегула од САД (6.220), Елена Рибакина од Казахстан (5.871) и Јасмин Паолини од Италија (5.398).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.