Македонскиот олимписки омитет (МОК) го најавува отворениот повик за избор на официјалната маскота на 18. издание на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, кој ќе се одржи од 19 до 26 јули следната година во Скопје.

Сите заинтересирани граѓани може да гласаат за една од маскотите, Перо, Томе или Shiny на следниот линк – https://skopje2025.sporteurope.org/mascot-poll/

Маскотата ќе биде симбол на вредностите на ЕМОФ – единство, пријателство, почитување и спортски дух, и ќе биде присутна на сите настани и промоции поврзани со фестивалот.

Изборот на маскотата за ЕМОФ 2025 не е само одлука, туку можност за сите нас да создадеме симбол кој ќе биде дел од историјата на овој значаен спортски настан, изјави Даниел Димевски, претседател на МОК. 

Гласањето ќе се одвива онлајн на официјалната веб-страница на фестивалот, а маскотата која ќе добие најголема поддршка ќе биде прогласена за официјална на ЕМОФ 2025.

Процесот на избор започнува од денеска (6 ноември) и ќе трае до 10 ноември 2024 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.