Светскиот тенисер број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ утре пак ќе ја загуби својата виза за влез во Австралија и ќе биде депортиран, тврди австралискиот весник „Сатурдеј пејпер“. Според весникот министерот за имиграции, Алекс Хоук, веќе ја донел одлуката.

На Ѓоковиќ првично не му беше дозволен влез во Австралија откако му ја повлекоа визата по неколку часа сослушување, но тој реши да остане во Мелбурн (каде што пет дена беше сместен во хотел за имигранти) и во понеделникот ја доби судската одлука дека поништувањето на визата било непрописно.

Оттогаш 20-кратниот гренд слем шампион почна со тренинзи на „Мелбурн парк“, каде што треба да оди на 10-та титула, но по големиот број контрадикторни информации за неговиот позитивен тест на Коовид-19 во декември, почна нова истрага за случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.